Средби на градоначалникот Илија Јованоски со жителите на урбаните и месните заедници

Во пресрет на изработка и носење на општинскит буџет за 2021 година, градоначалникот Илија Јованоски ќе одржи средби со граѓаните од сите урбани и месни заедници од општина Прилеп.

На средбите на кои ќе присуствуваат и претставници на локалната самоуправа, членови на Советот на општина Прилеп, директори на јавните комунални претпријатија, раководители на подрачни единици на државни институции, ќе се разговара за реализираните проекти во тековната година, како и за проблемите и потребите на секоја урбана и месна заедница, кои се од приоритетна важност за следната 2021 година.

Утре, среда 21 октомври со почеток во 19:00 часот во ЦК „Марко Цепенков“, ќе се одржи првата таква средба со жителите на УЗ „Центар“.

Во петок, 23 октомври, во Домот „Спиро Забрчанец“ ќе се одржат две средби. Првата со почеток во 18:00 часот со жителите на УЗ „Варошко маало“, а во 19:00 часот со жителите на УЗ „Бончејца“.

Термините за средби со жителите на другите урбани и месни заедници, ќе бидат дополнително утврдени и за нив граѓаните ќе бидат навремено информирани.

Сите средби ќе бидат организирани со почитување на мерките и препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, за заштита од Ковид-19.