Средба на градоначалникот Илија Јованоски со директорот на компанијата „Тиго Фајнанс“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски оствари деловна средба
со извршниот директор на компанијата „Тиго Фајнанс“, Филип Димитровски.
Целта на средбата беше продлабочување на соработката на Општината со овој
деловен субјект, кој е присутен со своја филијала во Прилеп, а од страна на
директорот Димитровски беше најавено дека наскоро „Тиго Фајнанс“ ќе ја отвори и
втората филијала на територијата на нашата општина.

Со ова, истакна Димитровски се овозможува поголема достапност до финансиски
средства и финансиска инклузија на населението, а истовремено, се создаваат
услови за нови вработувања на територијата на општината.
Меѓу другото, Јованоски и Димитровски разговараа и за перспективите и
можностите за уште поуспешна соработка на релација општина – компанија, како и
за унапредување на локалната заедница преку општествено одговорни проекти во
интерес на локалното население, како една од стратешките определби на двете
страни.

Инаку, компанијата „Тиго Фајнанс“ е небанкарска финансиска институција,
технолошки и дигитално напредна Финтек институција, лиценцирана од страна на
Министерството за Финансии на Република Северна Македонија. Се вбројува меѓу
стоте успешни компании во ЈИЕ од страна на Меѓународниот академски институт
и располага со сертификатот Excellent SME кој го доделува Стопанската комора
на Република Северна Македонија. Компанијата денеска вработува над 100
вработени, има широко распространета мрежа на филијали во повеќе општини во
државата, но и натаму посветено работи на ширење на мрежата на филијали и
отворање нови работни места.