Средба на градоначалниците на Прилеп и Сараево, Илија Јованоски и Абдулах Скака

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски деновиве престојуваше во неофицијална посета на Сараево, при што оствари средба со градоначалникот на главниот град на БиХ, Абдулах Скака.

Покрај разговорите за актуелните состојби во двете држави, на средбата беше констатирано дека од двете страни постои добра волја за продлабочување на соработката. Двајцата градоначалници, Јованоски и Скака, разговараа и за тековната иницијатива за збратимување на општина Прилеп, со една урбана општина од градот Сараево.