Спроведување на јавен увид на УП за инфраструктура – Трескавец

БР. 10-1264/6
од 20.10.2022
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20) и донесената ПРОГРАМА за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година со Одлука број 09-157/32 од 17.01.2022 година обајвена во Службен гласник на Општина Прилеп бр.01/22 и ПРОГРАМА за измени и дополнување на годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година со Одлука број 09-569/9 од 24.02.2022 година објавена во Службен гласник на Општина Прилеп бр.02/22, донесена од страна на Советот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното

СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на

Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на нов водоснабдителен цевковод за Манастирски комплекс Трескавец, Општина Прилеп

член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организра Јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН ЦЕВКОВОД ЗА МАНАСТИРСКИ КОМПЛЕКС ТРЕСКАВЕЦ, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со Технички број: 038/21 изработен од Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови ЈП за ПУП Прилеп.

член 2

Проектниот опфат на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН ЦЕВКОВОД ЗА МАНАСТИРСКИ КОМПЛЕКС ТРЕСКАВЕЦ, ОПШТИНА ПРИЛЕП е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за ИЗГРАДБА НА НОВ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН ЦЕВКОВОД ЗА МАНАСТИРСКИ КОМПЛЕКС ТРЕСКАВЕЦ, ОПШТИНА ПРИЛЕП на КП 334-дел, КП 336-дел, КП 340-дел, КП 341-дел, КП 342-дел, КП 343-дел, КП 338-дел, КО Дабница, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со бр.Y25421 и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање со Арх. Бр. УП1-15 1511/2021 од 14.10.2021год.
Според состојбата на терен локацијата која е предмет на изработка на Урбанистички проект за инфраструктура, се наоѓа во КО Дабница, Општина Прилеп, на надморска височина од 1169 до 1288 метри.

ГРАДОНАЧАЛНИК На Општина Прилеп

Борче Јовчески

6.UPI TRESKAVEC

soopstenie za javen uvid

Анкетен лист

Е-Урбанизам