Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното
СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на
Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани до 1MW на ГП 1.1, КП 4/5 во КО Волково, Општина Прилеп
член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани до 1MW на КП 4/5 во КО Волково, Општина Прилеп, со тех.бр.06-1/2022 од јуни 2024г. изработен од „АКСИС СТУДИО“ ДООЕЛ – Прилеп.
член 2
Проектниот опфат на Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани до 1MW на ГП 1.1, КП 4/5 во КО Волково, Општина Прилеп ,е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13– површински соларни и фотоволтаични електрани до 1MW на ГП 1.1, КП 4/5 во КО Волково, Општина Прилеп со технички број Y20522 од Јуни 2022, за кои Услови е добиено Решение од Министерството за животна средина и просторно планирање со бр. УП 1-15 1186/2022 од 23.06.2022 година.
Проектниот опфат е дефиниран со граница која претставува затворена полигонална линија. Опфатот го сочинува една катастарска парцела КП 4/5, КО Волково, Општина Прилеп и границата на проектниот опфат оди по границата на катастарската парцела. Координатите на
ul. „Прилепски Бранители“ бр.1. Prilep tel./ faks.: (0) 48 401 – 720
e-mail: prilep@prilep.gov.mk web: www.prilep.gov.mk
прекршните точки кои ја дефинираат границата на проектниот опфат се дадени во следната табела:
Вака формираниот проектен опфат има вкупна површина од 5732m² или 0,5732ха.
ЈАВЕН УВИД
На Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) ) вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани до 1MW на ГП 1.1, КП 4/5 во КО Волково, Општина Прилеп со тех.бр. 06-1/2022 од Јуни 2024г. изработен од „АКСИС СТУДИО “ ДООЕЛ – Прилеп, јавниот увид ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган со става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 29.07.2024 до 13.08.2024година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 8:30 до 15:30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески
___________________