Со полагање цвеќе на спомениците на илинденците, Прилеп го одбележа 23 Октомври

Со полагање свежо цвеќе на спомениците на Ѓорче Петров и Пере Тошев, Општина Прилеп го одбележа Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври.

На спомениците на двајцата илинденци, цвеќе положија делегации на локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Илија Јованоски, Советот на општина Прилеп и политички партии.