“Со љубов различни а исти” – Хуманитарна активност на ММЗЖ “Вешта Жена”

Локалната самоуправа на Општина Прилеп и градоначалникот Борче Јовчески им се заблагодаруваат на мултиетничкото и мултикултурното здружение на жени Вешта Жена кои што со нивната денешна хуманитарна активност под мототоСо љубов различни а исти” во OОУ „Климент Охридски“ на дечињата со попреченост во развојот им го разубавија денот со една домашно изработена трпеза. Се надеваме дека ваквите активности ќе бидат се почести во новата година.