Се утврдија групите за светиниколскиот турнир во мал фудбал

Со жрепка денеска се утврди редоследот на групите и екипите,што ќе учествуваат на светиниколскиот турнир во мал фудбал, што ќе се одржи во Прилеп од 12 до 28 декември. На турнирот ќе настапат 43 екипи,  33 екипи во сениорска категорија, 11 екипи ќе бидат пионери и 9 ветерани.

Сениорите се поделени во 8 групи. Од нив 7 се со 4 екипи, а во една група има 5 екипи.

Пионерите се од генерациите 2005, 2006 и 2007 година. Ветераните пак се поделени во 2 групи од кои едната има 5, а другата 4 екипи.

Редоследот и распоредот на екипите може да го погледнете во приложените слики.

Инаку во согласност со претставниците на екипите на пионерите е договорено да се игра бод систем, секој со секого. На крајот првата и второпласираната екипа ќе играат за прво место, а третопласираната и четвртопласираната екипа ќе играат за 3 место

Екипата „Портал“ при жрепката, беше претставена со името на спонзорот „Краш Маркет“ од Битола.

Инаку наградниот фонд ќе изнесува 330.000 денари. Годинава собраните средства од овој хуманитарен турнир ќе бидат наменети за опремување на Центар за децата заболени од церебрална парализа.

Турнирот ќе се одржува, како и секоја година во спортската сала до Тутунски комбинат.

Пропозициите за турнирот можете да ги преземете овде.