Се санираат недостатоците на булеварот настанати од слегнување на земјиштето

Како последица на големата влажност предизвикана од врнежите на дожд и снег, на одредени делови од булеварот „Гоце Делчев“ дојде до слегнување на земјиштето.

Согласно чл.46 од Договорот за изведба и реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“, склучен меѓу ЕЛС Општина Прилеп и „Изофас“ ДОО, изведувачот на работите, компанијата „Изофас“, е должна да ги отстрани настанатите недостатоци од објектот, односно булеварот.

Реконструктивните зафати за отстранување на недостатоците ќе бидат завршени во рок од 4 денови.