Се подготвува за асфалтирање улицата „Архимедова“

Во завршна фаза се подготовките за асфалтирање на улицата „Архимедова“ во
прилепската населба „Рид“. Изминатите недели се изврши порамнување и
тампонирање на улицата во површина од околу 800 м2, а се поставија и
бетонски ивичњаци.

„Се наоѓаме на улицата „Архимедова“ којашто е спремна за асфалтирање.
Нејзината површина е околу 800 м2, со тоа што би се сработиле и тротоарите
од двете страни во ширина од еден метар и половина со бекатон. Инаку, оваа
улица е доста користена и транзитна , а во текот на наредната недела целосно
ќе се заврши со асфалтирањето, вели Благоја Богоески, задолжен за надзор
над градежните работи.

Според надзорот, а согласно комуналната програма на локалната самоуправа
за 2018 година, продолжуваат градежните активности за уредување на патната
мрежа во општината и ќе се работи на улиците „Ристе Секирчанец“, „Вера
Циривири“, „Трајко Тарцан“, како и на улицата „Андон Слабејко“ на потегот од
старата автобуска до „Димо Наредникот“. Секаде каде што е критично ќе се
интервенира со ново платно на асфалт.

„Со новиот слој на асфалт, постојните шахти кои остануваат пониски ги подигаме до котатата на асфалтот. Веќе тоа се работи на улицата
„АлександарМакедонски“ и како што напредуваме на овие постојни улици со ново платно асфалт, истата постапка ќе се работи. Сливниците и шахтите ќе бидат подигани до кота на асфалт, за да имаме непречено возење“, вели надзорот, Благоја Богоески, во врска со реакциите на граѓаните за висината на шахтите на повеќето улици во градот.