Проектна програма за површински соларни и фотоволтаични електрани

БР.10-525/2  од  15.02.2022 година  ПРИЛЕП

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за површински соларни и фотоволтаични електрани Е1.13  на  КП 216/3  ко Мало Рувци општина Прилеп со број 10-525/1 од 15.02.2022 година од Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

                                                               РЕШЕНИЕ

Се одобрува Проектна програма, поднесена со барање број 10-2934/1 од 29.11.2021 година и број на постапка 39439, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за површински соларни и фотоволтаични електрани Е1.13  на  КП 216/3  ко Мало Рувци општина Прилеп.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот  Друштво за производство, градежништво и трговија ИЗОФАС ДОО Прилеп,  до Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана согласно Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година донесено врз основа на челн 50 став (1) точка 14 и 16 од Законот за локалана самоуправа („Службен весник на РМ“бр.5/2002) и член 38 став (5) и (6) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ 32/2020) од страна Градоначалникот на Општина Прилеп, поднесе барање број 10-2933/1 од 29.11.2021 година и број на постапка 39439 за одобрување на Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за површински соларни и фотоволтаични електрани Е1.13  на  КП 216/3  ко Мало Рувци општина Прилеп.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Предлог Проектна програма

Изработувачот на проектната документација изработи Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за површински соларни и фотоволтаични електрани Е1.13  на  КП 216/3  ко Мало Рувци општина Прилеп,  и преку комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

ПРАВНА ПОУКА:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК   Борче Јовчески

Proektna Programa – KP216-3 Ruvci

Предлог за одобрување на ПП за УП вон опфат Е1.13 218-3

проектна програма за УП на кп 218 -5

решение за одобрување на ПП од градоначалник -Кабел Плетвар