Се чисти отпадот – Градоначалникот на увид на состојбата по излевањето на реката во нејзиниот долен тек

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, заедно со директорот на ЈКП „Комуналец“, Рубинчо Абрашоски, денеска, на терен  ја согледаа лошата еко состојбата која беше настаната по обилните дождови на  долниот тек на градската реката,   каде отпадот ги покрил и двата брега на реката.

ЈКП Комуналец , со механизација,  започана со темелно чистење на овој предел од градксата река,  со копањето на наталожената земја и милот, чистењето на отпадот од пластика, картони, дрвени предмети, и, транспортот до депонијата во Алинци. Само за неколку часа  комуналците  транспортираa над 120м3 отпад.

Градоначалникот на Прилеп, Јовчески, во разговор со граѓаните од овој дел од градот, посочи дека во планот и програмата на Општина Прилеп, за инфраструктурно уредување, е и уредувањето на коритото на градската река и градење на бетонското корито, „бидјеќи во овој дел на реката, кое остана недоизградено, како потег, важно е канализирње на течението на реката за спречување на ваквите одлевања на водата.“- рече тој

Воедно, од ЈКП Комуналец, посочија дека акцијата за чистење на реката продолжува и деновиве. Иако, на потегот од мостот на ул. „Трајко Николоски“, до потегот кај железничкиот надвозник, речното корито беше исчистено во март, овој дел, каде што ќе има пристап механизацијата,  повторно ќе се чисти, со оглед на  поплавите кои зад себе оставија многу отпад, земја и мил.