Реакција на прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Општина Прилеп реагира на хипокризијата и недоличните обиди на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во време на изборна кампања, меѓу два изборни круга со невистини и дезинформации да манипулира со јавноста. Ниту старата прилепска чаршија,ниту функционирањето на занаетчиите е доведено во прашање, со оваа локална власт и работата на градоначалникот Илија Јованоски.

Заканите дека со „хилти“ ќе се влегува  по угостителските објекти, високите казни за занаетчиите, кои што беа принудени да ги затвораат своите дуќани и бизниси, а некои и тутун да садат со години за да ги отплатат долговите за извршните решенија, поради енормно високите казни се одлика на претходната власт, која што на локално ниво беше на чело со ексградоначалникот Марјан Ристески.

Општина Прилеп работи согласно со закон и го осудува секој политички обид со невистини, лаги и манипулации,а особено со политика на двојни аршини и хипокризија, да се собираат дневно-политички поени од граѓаните.

Последица од владеењето на претходната власт е изумирањето на бројните занаети, затворањето на десетици дуќани во чаршијата, иселувањето на младите во странство.Но, оваа локална и централна власт вложуваат напори да се олесни функционирањето на занаетџиите, на дуќанџиите, да се стимулира стопанството. Наместо изрекување на високи глоби и ставање катанец на вратите на дуќаните, оваа власт за секој пропуст првин ги опоменува бизнисмените, прави измени и на даночната политика, презема низа мерки кои што се во насока на развој на стопанството, отворање на нови работни места и мотивирање на младите, своите перспективи да ги наоѓаат во својот град и својата држава.