Радост и кај дечињата од училиштата во населените места

Градоначалникот Борче Јовчески и денес продолжи со посетите на првоодделенците, им подели новогодишни пакетчиња и им посака среќни новогодишни и божиќни празници на сите ученици и колективите на основните општински училишта: „Страшо Пинџур“ с. Мало Коњари, „Круме Волнароски“ с. Тополчани и „Кирил и Методиј“ с. Канатларци.