Работниците на ЈКП „Комуналец“ продолжуваат со расчистување на снегот и за време на викендот

Со максимална одговорност, посветеност и професионалност, вработените на ЈКП
„Комуналец“ изминативе денови го расчистуваат снегот и овозможуваат услови за
непречено функционирање на граѓаните. Ставени се во употреба сите непоходни
човечки ресурси, целата оперативна служба и механизацијата со која располага
претпријатието, со цел отстранување на снегот од тротоарите, плоштадот и другите
јавни површини во општината.

„Потврда за тоа како работиме, е ова овде преd нас што го гледате, односно плочникот,којшто е добро исчистен, а снегот се подига. Покрај тоа што рачно работиме, се работиv и машински. Првиот ден од големите врнежи, се потрудивме да ги исчистиме сите пристапи до важните институции, како што се Управата за јавни приходи, Локалната самоуправа, банките“, вели Ирена Станкоска, в.д. директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Непрописно паркираните возила, се основен проблем кога е во прашање машинското
расчистување на снегот од тротоарите, заради што Станкоска испраќа уште еден апел
до граѓаните да внимаваат на паркирањето во вакви временски услови.

„Ги замолуваме уште еднаш граѓаните на Прилеп, да внимаваат при паркирањето, за даможеме да ги исчистиме максимално и како што треба пешачките патеки, односно
тротоарите, заради тоа што навистина имаме голем проблем со машинското чистење.

Во моментот работат две машини, едната е тука на плоштадот, а другата работи на
потегот од поранешен ‘Солидност’ по улицата ‘Александар Македонски’, ќе се чисти
до крстосницата со улицата ‘Кузман Јосифоски’. Исчистени се пешачките патеки,
односно тротоарите од ‘Солидност’ до старата општина, а исто така, од изутринава е
чистено и на потегот кај новата автобуска станица, така што мислам дека ќе
одговориме максимално на потребите на граѓаните.“, изјави Станкоска.

Прилепски „Комуналец“ со дежурни служби и со предвидена динамика, продолжува со
расчистување на снегот и во викендот, се’со цел да нема проблеми во движењето на
граѓаните и извршувањето на нивните секојдневни обврски.

„Ќе имаме дежурни екипи, коишто ќе бидат ангажирани и утре. Онаму каде што има
потреба, ќе се посолува. Исчистени се уште од изутрина мостовите, тие се посипани со
сол и со соодветен камен, а утре ќе ги чистиме патеките, односно тротоарите по
улицата ‘Прилепски бранители’“, додава Станкоска.