Учебната 2026/2027 година во прилепските основни и средни училишта започна без проблеми и со целосна подготвеност на училиштата за непречено одвивање на наставниот процес.
Годинава, во основното образование во Прилеп наставата ќе ја следат околу 5.600 ученици, од кои 510 се запишани во прво одделение. Во средните училишта, пак, наставата ќе ја посетуваат околу 2.800 средношколци, од кои 700 се запишани во прва година.
Сите 10 основни, 5 средни и 15 подрачни училишта на територијата на Општина Прилеп се целосно подготвени за новата учебна година. Во текот на летниот период се реализирани активности во насока на подобрување на условите за одвивање на воспитно-образовниот процес, за што се инвестирани околу 20 милиони денари.
Во рамки на процесот на оптимизација на училишната мрежа, Општина Прилеп продолжува со одговорен пристап кон организацијата на образовниот процес. Оптимизацијата нема да значи затворање на ниту едно училиште, ниту отпуштања на наставен кадар.
„Нашите првачиња заслужуваат посебно внимание и поддршка уште од првиот ден. Затоа, покрај бесплатниот училишен прибор, оваа година за првпат обезбедивме и финансиска поддршка од 3.000 денари за секое семејство кое го запишало своето прваче во општинските основни училишта. Веруваме дека со конкретни мерки можеме да им помогнеме на семејствата и да создадеме подобри услови за нашите најмлади ученици“, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски.
Во текот на новата учебна година, Општина Прилеп продолжува да работи на унапредување на условите во училиштата и поддршка на учениците, наставниците и семејствата.
Воедно, оваа година се надминати и проблемите поврзани со превозот на учениците кои доаѓаат од соседните општини и од околните населени места, со што се создадени услови за редовно и непречено следење на наставата.
На сите ученици им посакуваме успешна, безбедна и исполнета учебна година, а на нашите најмали, прекрасен почеток на нивното училишно патување, многу знаење, нови другарства и безброј детски насмевки.
Среќен прв училишен ден и успешна учебна 2026/2027 година!
Првиот училишен ден во општина Прилеп