Прва фаза на дератизација

Им се соопштува на граѓаните на Општина Прилеп дека од ден 28.09.2020 година (понеделник), во периодот од 07:00 до 15:00 часот на територијата на Прилеп, екипи од фирмата ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ – Кавадарци и ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ќе започнат со спроведување на првата фаза на систематска дератизација.
Активностите предвидуваат поставување на мамци (родентицид во форма на парафински блок) во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа.
Процесот ќе трае неколку денови и доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дератизацијата, истата ќе продолжи во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.