Проектна програма за Урбанистички проект за изградба на нов водоснабдителен цевковод на Манастирски комплекс Трескавец, Општина Прилеп

БР.10-484/3

од  24.02.2022година

ПРИЛЕП

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на нов водоснабдителен цевковод на Манастирски комплекс Трескавец, Општина Прилеп со број 10-484/2 од 23.02.2022 година од Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

 

РЕШЕНИЕ

Се одобрува Проектна програма, поднесена со барање број 10-484/1 од 09.02.2022 година и број на постапка 41016, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на нов водоснабдителен цевковод на Манастирски комплекс Трескавец, Општина Прилеп

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот  Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови ЈП за ПУП Прилеп,  до Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана согласно Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година, поднесе барање број 10-484/1 од 09.02.2022 година и број на постапка 41016 за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на нов водоснабдителен цевковод на Манастирски комплекс Трескавец, Општина Прилеп.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Предлог Проектна програма
  2. Полномошно

Изработувачот на проектната документација изработи Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на нов водоснабдителен цевковод на Манастирски комплекс Трескавец, Општина Прилеп,  и преку комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

 

ПРАВНА ПОУКА:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

Борче Јовчески

Предлог за одобрување УП Трескавец

Решение за УП Трескавец