Пристигнаа првите кампери на Паркот на револуцијата

Љубителите на пивофестовските забави со авантуристички дух, кои по традиција доаѓаат во Прилеп, веќе се сместени во Паркот на револуцијата. Од ЈКП „Комуналец“ преземени се сите мерки, за да се обезбедат што подобри услови за кампување. Зелените површини, цветните насади, дебелите сенки во летната горештина, го надополнуваат пријатниот еколошки амбиент, давајќи интензитет во уживањето
на љубителите на природата.

Досега се пристигнати70-ина туристи, а се очекуваат и други гости, особено во деновите од викендот. За сите нив Општина Прилеп обезбеди топли напитоци и кроасани, а ЈКП „Комуналец“ стави и туш кабини на располагање,
со цел што поголема хигиена и подобри услови за сместување на камперите.
Повелете и вие, бидете дел од уживањето во природа,со ладно пиво, вкусна скара и
изборот на извонредни музички теми од вечерашните артисти: Бени и „Нон-стоп“, Дани, Тони Зен и Кирил Џајковски,забавувајте на годинешниот „Пивофест 2018“.