Поради потребите на Пиво Фест нов сообраќаен режим во центарот на Прилеп

Од денес, 12 –ти јули до 18-ти  јули, Прилеп заради потребите на Пиво –  фестот 2022, воведува нов сообраќаен режим, во централното градско подрачје.

За сите оие кои планираат да го посетат  Прилеп овие 7 дена, но и за прилепчани кои сакаат да ги корисат своите автомобили, поради организирање на манифестацијата „Пиво фест“ и поставување и монтирање на штандовите на пиварниците и угостителите , во наредните 7 дена, почнувајќи од денеска ,  дел од Булеварот „Гоце Делчев“ од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“ до крстосницата со ул. „Прилепски Бранители“ ќе биде затворен ,  а сообрајќајот ќе се пренасочи кон околната улична мрежа.

Воедно, оние кои пак планираат да го посетат фестивалот на пивото и скарата од другите градови во четирите фестивалски денови,  паркинг простор ќе има доволно, зашто се обезбедени над 12.000 паркинг места .  Цената на дневниот билет за паркинг простор ќе изнесува  80 денари , од која Советот на Општина Прилеп едногалсно донесе  одлука  30 денари да одат за хуманитарни цели.