Поклон и слава за Борка Талески и Лазо Филипоски – Лавски

Делегации од Општина Прилеп, прилепската организација на Сојузот на борци, општа болница „Борка Талески“ и градската библиотека „Борка Талески“ денеска им оддадоа почит на двајцата народни херои Борка Талески и Лазо Филипоски-Лавски, кои што загинаа во 1942 година.
Делегациите положија свежи свежиња пред споменикот на Плетвар, наспроти ресторанот „ЧЕ“,потоа на Могилата на непобедените, и на бистите во Алејата на народните херои.