Информација за одржувањето на јавна расправа за Просторниот план на Република Северна Македонија (2040):
Датум: 06 октомври 2026 година
Време: 12:00 часот
Место: Сала на Советот на општина Битола
Настанот се одржува во организација на Министерство за животна средина и просторно планирање и Агенција за планирање на просторот и е отворен за сите заинтересирани страни.
Информацијата за одржувањето на јавната расправа e доставена до сите единици на локалната самоуправа во регионот како и до:
- релевантните државни и локални институции, јавни претпријатија и установи;
- стопанските субјекти, стопанските и професионалните здруженија;
- научните и стручните институции;
- граѓанските и невладините организации;
- како и други правни и физички лица за кои се оценува дека можат да дадат придонес во расправата.
Нацртот на Просторниот план е достапен на следниот линк:
https://drive.google.com/file/d/1yR9hCAzFBwPCpxwXsRcnxiGUgRNoyt0J/view
Линкот за просторниот план ќе биде објавен и на страната на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

