“Подари со радост“ – хуманитарна акција за помош на социјално загрозени семејства од градот

Во пресрет на големиот христијански празник Св. Никола, здружението „Епилепсија Македонија“ во соработка со Центарот за социјани работи и Општина Прилеп, ја организираат традиционалната хуманитарна акција „Подари со радост”, која годинава ќе се спроведе во периодот од 12 до 17 декември.

Кошниците за донација на храна ќе бидат поставени во маркетите „Бонита“, „Џими Маркет“, „Мега“, „Форум“ и „Шопе“, а на 14.12.2019, сабота, од 10.00 до 15.00 часот, сите добронамерници кои ќе сакаат да донираат, ќе имаат можност купените артикли да ги остават во поставените кошници на Градскиот плоштад, а собраните намирници ќе бидат поделени на најранливите категории на граѓани, посочија од здружението „Епилепсија Македонија“.

В.д директорот на Центарот за социјални работи од Прилеп, Дејан Тошески  истакна дека и оваа година тие ќе бидат дел од хуманитарниот акција и тоа дека  секогаш ги поддржуваат и поздравуваат ваквите иницијативи, се’ со цел да им се излезе во пресрет на социјално-ранливите категории на граѓани.

Целта на акцијата “Подари со радост”, е во духот на заедништвото, почитта и солидарноста, а во пресрет на големите христијански празници Св. Никола и Божиќ, да им се помогне на социјално загрозените граѓани достоинствено да ги пречекаат новогодишните празници, истакнаа организаторите.

Минатата година, преку хуманитарната акција “Подари со радост”, на 11 семејства од социјален ризик им беа поделени пакети со намирници, кои ги донираа граѓаните на општина Прилеп.