Пионерите на „Победа“ на средба со градоначалникот Јованоски

0

Градоначалникот Илија Јованоски во својот кабинет ги прими пионерите на ФК „Победа“, кои го освоија Купот на Македонија. На  средбата  стана збор за актуелните случувања и настаните кои треба да се реализираат во иднина.

 

Пионерите на Победа, родени 2002 и помлади, неодамна го одиграа финалето од Купот на Македонија, при што после изведувањето на пенали забележаа заслужена победа против екипата на ФК Њу Старс . Натпреварот се одигра во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а пионерите на ФК Победа предводени од тренерот Благоја Филипоски, прикажаа поголема концентрираност при изведувањто на пенали. Во регуларниот дел од натпреварот, резултатот беше 0:0.