Отворен ден за превентивни прегледи и совети во ромската заедница

Општина Прилеп во рамките на имплементација на програмата РОМАКТЕД Фаза 2, преку заедничката имплементација на Европската комисија (DG NEAR) и Советот на Европа, спроведена во Западен Балкан и Турција, го реализира проектот „Поставување на соодветни технички средства – легнати полицајци, пешачки премини и сообраќајни знаци на најфреквентните места на движење и пост КОВИД превенција и мерки за закрепнување во образованието за млади и возрасни Роми“ и Акција 2: Мерки за заштита од и закрепнување по COVID-19 во образованието за млади и возрасни Роми, која се однесува на намалување на последиците од КОВИД 19 кај ромската заедница во пост – КОВИД  периодот на локално ниво“.

Во претходниов период се реализира Акција 1 од проектот: ,,Поставување на соодветни технички средства-пешачки премини и сообрајќајни знаци на најфреквентните места на движење во населбата ,,Тризла” Дел 1, како и ,,Поставувањето на соодветни технички средства – легнати полицајци на најфреквентните места на движење во населбата ,,Тризла” Дел 2.

Проектот се реализира се со цел да се подобри безбедниоста на движење на пешаците во овој дел од градот.

Денес, се реализира дел од РОМАКТЕД програмата Фаза 2 – Акција 2: Мерки за заштита од и закрепнување по COVID-19 во образованието за млади и возрасни Роми, која се однесува на намалување на последиците од КОВИД 19 кај ромската заедница во пост – КОВИД  периодот на локално ниво. Со активноста 6.4. „Активности поврзани по здравјето на Ромската популација во Прилеп“ се реализира „Отворен ден за превентивни прегледи и совети во ромската заедница“, во соработка со Општинската организација на Црвен Крст од Прилеп.

Активноста „Отворен ден за превентивни прегледи и совети во ромската заедница“ во Прилеп, се реализира на ден 26.08.2024 год, (понеделник) од 10:00 до 13:00 часот, на локација на ул. „Тризла“ – кај Џамијата. Оваа активност опфати превентивни прегледи за 50 лица од ромската заедница и тоа: основен превентивен преглед, мерење на крвен притисок, мерење на шеќер во крвта и здравствени совети.

Се надеваме дека во иднина ќе има многу вакви активности, за да се поттикнат граѓаните редовно да прават здравствени контроли, за навремена детекција на одредени заболувања.