Осмомартовски концерт на ООУМ „Ордан Михајлоски – Оцка“

Вечерва во просториите на ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“, се одржа осмомартовски концерт на учениците од ООУМ „Ордан Михајлоски  – Оцка“, на кој настапија голем број на ученици од сите инструментални оддели.

„Секоја година ООУМ „Ордан Михајлоски – Оцка“ одржува осмомартовски концерт, за да се прикажат достигнувањата и успесите на нашите ученици. Со тоа ние испраќаме осмомартовска  порака до сите жени“, вели директорката Ролина Тутеска Димеска.

На концертот учениците од ООУМ „Ордан Михајлоски – Оцка“ музицираа на клавир, виолина, флејта, труба, кларинет, хармоника, народни инструменти и соло пеење.