Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска одржа состанок

На иницијатива на градоначалникот, Илија Јованоски денеска во Општина Прилеп е одржан состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување,со цел што поголема мобилност и превенција на последици од можни катастрофи.

Општински штаб за заштита и спасување

„Не треба да не изненади ниту една ситуација. Како Општина и како Општински штаб за заштита и спасување во услови на кризи, треба да бидеме постојано мобилни, да има синхронизирана соработка на сите надлежни претпријатија на локално и централно ниво, да биде воспоставена соработка и со приватните фирми, со цел да се знае кои нивни ресурси би биле ставени на располагање, при појава на евентуални несакани ситуации коишто може да предизвикаат несакани последици“, порача градоначалникот Илија Јованоски.

Согласно со Законот за заштита и спасување, градоначалникот ја има функцијата и на командат на Општинскиот штаб, а претседателот на Советот ја презема обврската на началник на штабот.

На овој состанок е договорено согласно со законските регулативи да се ажурираат оперативните планови, како и севкупните ресурси коишто би биле ставени на располагање во услови на евентуална појава на кризни ситуации.

Градоначалникот Јованоски и претставниците од подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување -Прилеп, ја акцентираа потребата од целосна кадровска екипираност на службите, како и ажурирање на Планот за заштита и спасување на Општина Прилеп.

Синхронизираната и перманента соработка на надлежните од сите служби е елементарен услов за успешна имплементација на Општинаскиот план за заштита и спасување. Ова е констатација од денешната средба, на која што се преземени конкретни обврски.