Општина Прилеп спроведува акција за дезинфекција на улиците во градот, граѓаните да ги отстранат возилата од јавните површини

Се известуваат граѓаните на Прилеп, дека денеска после започнувањето на полицискиот час, ќе се врши темелна дезинфекција на сите главни и споредни улици во градот.

 

Од тие причини, граѓаните треба да ги отстранат своите возила од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, со цел непречено движење на возилата за дезинфекција по градските улици.