Општина Прилеп ја одбележа годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

По повод 148 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, денеска положи свежо цвеќе на бистата во општинското основно училиште кое го носи името на големиот македонски револуционер.

Цвеќе на бистата на Гоце Делчев положија и претставници на Советот на општина Прилеп.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, а загинал на 4 мај 1903 година во селото Баница, после нерамноправна борба со турската војска.