Општина Прилеп апелира до стопанските субјекти да ги пополнат формуларите за потребите на гасификацијата

Општина Прилеп во рамките на проектот „Гасификација на Прилеп“, веќе две недели на терен врши анкета на стопанските субјекти од градот, со цел правилна и точна проекција на трасата и капацитетот на секундарната гасоводна мрежа, која што треба да се гради на територија на општината.

Надлежните истакнуваат дека одреден број претпријатија веќе ги пополниле формуларите коишто им се доставени од страна на Општината. А, не е мал бројот и на фирмите, коишто ги пополнуваат формуларите онлајн.

Општина Прилеп апелира до сите стопански субјекти од градот, колку што може поскоро да ги внесат своите податоци во анкетните листови (енергетска картичка и топлински трансформации) прикачени и на страницата на Општина Прилеп.

Анкетата за потребите на гасификацијата ќе послужи како база на податоци за проектантите, кои што ќе ги одредуваат приоритетните локации за трасата на секундарната мрежа.

Во втората фаза од овој проект ќе се врши анкета и за потребите и интересот на граѓаните.

Проектот „Гасификација на Прилеп“ е еден од приоритетите на новата Влада и дел од изборната програмата на градоначалникот Илија Јованоски.