ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ доби електромоторен транспортер

Откако успешно беше реализиран проектот „Биди ИН, Биди ИНклузивен, Биди ИНклудиран“, градоначалникот Борче Јовчески и официјалните претставници на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ го посетија ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп.

На ова основно училиште од страна на Фондацијата „Чекор по чекор“ му беше доделен електромоторен транспортер (гасеничар) кој е наметен за лица со физичка попреченост, односно овозможува движење на инвалидска количка по скали. Како што истакна директорот на ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Влатко Кузманоски, ова е голем исчекор во подобрување на инклузивното образование бидејќи со оваа направа секој ученик би имал пристап до сите простории во училиштето, а истовремено би била олеснета работата на наставниците, воедно и на родителите кои ги носат таквите ученици до училиште.

Општина Прилеп со сигурност и во иднина ќе биде дел од ваквите проекти кои придонесуваат во подобрување на образованието од било каков вид.