Одбележана 79-годишнината од масакрот кај селото Дабница

По повод 79-годишнината од масакрот кај селото Дабница, денеска пред спомен обележјето поставено на местото каде биле стрелани 19 жители од населеното место и од Прилеп, беше положено свежо цвеќе.

Цвеќе положија претставници на Општина Прилеп, општинскиот Совет, Општинскиот одбор на Сојузот на борци, како и претставници на политички партии.

Споменикот на академскиот скулптор Димо Тодороски поставен во чест на стреланите жители на Дабница и Прилеп, пред дваесетина години беше уништен, за да пред две години биде поставена негова реплика, дело на скулпторот Сашо Попоски.