Одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром и Денот на пролетта

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром и Денот на пролетта, денеска во
Прилеп беше одбележан со засадување на цвеќиња и триесет садници во
дворот на ОУ „Климент Охридски“. Учениците заедно со своите наставници го
раззеленија дворното место.

„Денеска е 21-ви, Денот на пролетта и ние од нашето училиште се вклучуваме
во овој ден со манифестации со што сакаме да придонесеме за екологијата и
за заштитата на животната среднина. Денеска е Денот на лицата со Даунов
синдро, па во посебните паралелки организиравме изложба на ракотворби,
заедно со детската амбасада. Средствата од продажбата на овие ракотворби,
ќе бидат наменети за потребите на овие деца“, изјави Зоран Сребреноски, в. д.
директор на ОУ „Климент Охридски“.

„Според програмата на детската амбасада ‘За сите деца во светот’ се
дружиме со овие дечиња од посебните паралелки на ОУ ‘Климент Охридски’ и
овој ден го одбележуваме заедно со децата со Даунов синдром. Изработивме
ракотворби вчера, а денеска нивните другарчиња ќе ги купат и средствата ќе
бидат наменети за нивните потреби“, вели Александра Северкоска Стојаноски,
извршен директор на детската амбасада.

Настанот е поддржан од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, а
советникот Тони Камчески ја акцентираше таа поддршка.
Родителите на децата кои учат во оваа училиште велат дека се задоволни од
воспитниот кадар. Но, она што им недостасува се поголеми парични средства
за терапија која им е потребна на нивните деца.

„Родител сум на дете со посебни потреби кое учи во ова училиште. Денеска во
знак на денот на пролетта и екологијата и денот на децата со Даунов синдром
подготвивме пригодни настани преку кои апелираме на секојдневна вклученост
на локалната заедница и пошироката јавност за поедноставен живот на сите
деца. Премногу сум задоволна од наставничката и програмата по која работат,
но средставата кои ги земаме се 4.300 денари. Тоа се малку пари за купување
на лековите за детето“, изјави Христоска Даниела, родител на дете со Даунов
синдром.

„Во нашето училиште се школуваат три дечиња со Даунов синдром. Две се во
второ одделение и едно во девето одделение. Нашето училиште преку својата
работа секојденевно се грижи за подобрување на нивниот живот и нивно
вклучување во секојдневните активности“, истакна Рената Андоноска,
наставник дефектолог во ОУ „Климент Охридски“.

Со повеќе активности се вклучија и Децата од Дневниот центар „Ѕуница“ кои го
посетија Средното општинско училиште „Орде Чопела” и низ прошетка во
училиштето се запознаа со хортикултурата, ветеринарната амбуланта,
хемискатата лабораторија и спортската сала.
По повод Денот на пролетта денеска беа засадени и садници во сите основни и
средни училишта во градот.