Од понеделник ќе почнат работните активности и изведбата на водоводна линија до манастирскиот комплекс „Трескавец“ и за 4 месеци се оечкува негово завршување. Секторот за Урбанизам при Општина Прилеп ја подготви техничката документација за изведба, а ЈКП Водовод и Канализација“Прилеп ќе биде како краен корисник и ќе има обврска да го одржува водоводниот систем.
„Можеме конечно да потврдиме дека тоа што многу години се чекало во Општина Прилеп, изградба на водоводна линија до манастирскиот комплекс „Трескавец„, конечно во понеделник ќе почне,„ соопшти директорот на ЈКП „Водовод и канлизација Прилеп, Игор Гулабоски.
Општината како носители на овој проект, за изградба на манастирскиот водовод, задолжена за изготвување на инфраструктурниот- урбанистички проек, со ребалансот на Буџетот, успеа да издвои три милиони денари за кофинансирање на овој значаен проект за „Трескавец“, како културно наследство на градот.
Проектот, обнова на изгорените конаци и изградба на водоснабдителниот систем за манастирот е повеќе од една деценија и чини 100.000 евра. Предвидените средства, за отпочнување на овој цел проект ги обезбеди Светска Банка преку ТАВ Македонија. А, ТАВ Македонија ,како изведувач беше и е задолжен за изнаоѓање подизведувач кој ќе ги врши градежните активности .
„Изведувач на градежните активности за водоснабдителиот систем ќе биде „Иганција„-Битола А, бидејќи е манастирски комплекс и заштитено културно наследство, надзор на работите при изградбата на водоводниот систем ќе има и НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп, со кој имаме како Општина, склучено меморандум за соработка“ појасни Татјана Попоска, раководител на Секторот за урбанизам при ЛС Прилеп.
Втората фаза од овој проект е изградба и на мини пречистителна станица.
„ Наша активност е изработка на проект за изградба на мини прочистителна станица, важна и значајна за заштита на животната средина, зашто верувам дека Министерствата ќе помогнат во изнаоѓање на средства, а Општината Прилеп со својот тим, ќе се вклучи во техничка и материјална помош, исто како и за овој водовод. Реално, пречистителната станица ќе се користи за време на викенд, кога има поголем број посетител. Но се прави студија за тоа, која големина ќе биде потребна за таа прочестителна станица да ги задоволува потребите за пречистување на водите во манастирот Трескавец и колку ќе бидат потребни средства за нејзина изградба“, рече Гулабоски,
Десет години бирократските процедури ја одложуваа изградбата на водоводот и канализацијата во манастирот Трескавец, без кои не може да бидат во употреба обновените конаци , кои изгореа од катастрофален пожар што го зафати манастирот во 2013 г. Надлежните институции меѓусебно постојно си ја префрлаат топката. Министерството за култура се огради уште пред две години упатувајќи ја вината на Општината, Министерството за транспорт, пак, се повика на тогашната Влада и топката се префрли во НУ „Завод и Музеј“. Оттаму пак, се правдаа со пропусти во наследениот проект.
Инаку, Манастирот „Трескавец“ датира од 13-от век и е дел од националното културно наследство. Во 2013-та година беше зафатен од силен пожар кој до темел ги пеплоса конаците. Огнената стихија ја одмина само манастирската црква. После пожарот, напоредно започна возобновувањето на конаците, но без водовод, беше одлучено новоизградените конаци да не бидат пуштени во функција.