Нова водоводна линија за жителите на улица „Републиканска“

ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп интензивно работи на поставување нова водоводна линија на улица „Републиканска“. На оваа улица се врши замена на старата азбестна водоводна линија Ø50, со нова полиетилен Ø90, во должина од 100 метри. Со реконструкцијата опфатени се 10 куќни приклучоци.

Од ЈКП „Водовод и канализација“ информираат дека привршуваат инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа на повеќе улици во градот.