Музичко уживање на втората вечер на „Пиво-фест 2022“и роденденска честитка од градоначалникот за Џамбазов

Уште една енергична вечер во Прилеп на најмасовната и најголемата забавна манифестација во Македонија, Пиво-фест 2022. Синоќа, добрата музика го разигра Прилеп и гостите од сите градови на Македонија кои дојдоа во голем број да уживаат во одличната забава, ладното пиво и вкусната скара .

Фестивалот покажа дека навистина во изминативе две години и недостасуваше на македонската публика. Тоа го потврдија и бројките на посетеност, на двете сцени во текот на целата вечер, која помина во најдобар ред, без никави проблеми. А, утринава градот,повторно, блесна во сиот сјај, подготвен да ги пречека новите гости и изведувачи, кои од рано утрово пристигнуваат во Прилеп.

„Фестивалот ја раздвижи локалната економија во Прилеп, па овие два вечери активно работат дуќаните во старата прилепска чаршија и локалите кои гостопримливо го пречекуваат секој гостин. Особено морам да му оддадам признание на вработените во ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и Канализација,  бидејќи се на висината на задачата.  Иова утро,како и вчера, градот од раните утрински часови блескаше во сиот свој сјај,  без ниту еден куп отпадод претходната вечер, со чисти и измиени улици и чисти парковски површини“- посочи градоначалникот на Прилеп,Борче Јовчески.

Синоќа,музичкото шоу на Пиво-Фест 2022 го имаа: Рок Блуз Бенд,  Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, а рокерите Дивље Јагоде и кавер бендот препознатлив по динамичните живи настапи, Brass Brothers, ја направија атмосферата во Прилеп поенергична  и апсолутно позитивна при што публиката  уживаше во секој нивни ритам. По полноќ на алтернативната сцена вниманието на публиката го задржаа настапите на DJ Anna Noodle и Lili Diva.

Синоќа се прослави и роденден. Шоуменот и водител на Пиво Фестот Игор Џамбазов славеше роденден,  па на сцената публиката и градоначалникот Борче Јовчески му го честитаа 59 роденден со роденденска торта.

Денессабота 16 јули, се очекува фестивалот да кулминира.Саботен ден е и голем број посетители од Македонија, викендот планираат да гопоминат во градот под Марковите кули, со ладно пиво и добра забава. Програмата на главна сцена започнува во 18:00 часот, а настапуваат: Вера Јанковиќ, Суперхикс, Ламбе Алабаковски, Лозано, Некст Тајм и Хари Мата Хари, додека пак на алтернативната сцена ќе настапат момците од ROOMMANIA: DJ Mitrik, DJ Alexandar и DJ Dimitr.