Меѓународен концерт „Слепите од Балканот свират и пеат заедно“

Сношти во просториите на ЦК “Марко Цепенков“ се оддржа концерт под мотото
„Слепите од Балканот свират и пеат заедно“. Овој настан е во серијата
меѓународни концерти каде настапија групите од: Турција, Македонија, Србија
и Бугарија. Организатор на концертот е “Националниот Сојуз на слепи лица на
Р. Македонија“, здружението на слепи лица од Прилеп, со поддршка на
Општина Прилеп.

Градоначалникот Илија Јованоски, кој беше присутен, ги поздрави присутните и
во своето обраќање истакна:

„Нашите култури се богати и блиски, овозможувајќи културно да се
надополнуваме, дружиме и уживаме во нивната раскошност и разноликост. Ние
како Општина Прилеп ги поддржуваме и во иднина ќе продолжиме да
поддржуваме активности кои имаат за цел подобри услови за живот и работа
на слепите лица, нивна подобра социјализација и интеграција во нашата
локална заедница и пошироко. Културата, преку музиката и песната е
најубавиот начин, кој тивко, но силно не зближува и соединува, а токму овој
настан ќе овозможи да споделиме искуства и да отвораме простор за нови
соработки, како и поголема вклученост и интеграција на слепите лица“, посочи
градоначалникот Илија Јованоски.

На концертот беа изведени песни од богатата културна и фолклорна ризница
на земјите учеснички.