КОНКУРС ЗА УМЕТНИЧКА ФОТОГРАФИЈА НА ТЕМА „ПРОЧКА 2023“

Oпштина Прилеп во соработка со Фото Кино Клубот
и Национална Фото Унија на Македонија објавува КОНКУРС ЗА УМЕТНИЧКА ФОТОГРАФИЈА НА ТЕМА „ПРОЧКА 2023“.
Конкурсот е дигален со една тема:
1. „Прочка 2023“ (колор)
Фотографиите треба да се креирани од учесникот и да се направени за време на Карневалот „Прочка 2023“.
Право на учество имаат сите граѓани на Македонија. Учеството на конкурсот е бесплатно!
За најдобри и најкреативни фотографии стручното жири ќе додели вкупно 6 награди и тоа:
Паричен награден фонд во висина од 10.000,00 денари, обезбеден од Општина Прилеп и три медали обезбедени од Национална Фото Унија:
– Прво место – 5.000,00 денари и златен медал од НФУ.
– Второ место – 3.000,00 денари и сребрен медал од НФУ.
– Трето место – 2.000,00 денари и бронзен медал од НФУ.
За останатите учесници ќе бидат доделени e-сертификати за учество.
Од пристигнатите фотографии стручното жири ќе направи селекција и најдобрите фотографии ќе бидат дел од изложба која ќе се реализира во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Повеќе информации околу условите и начинот на пријавување на следниот линк: