Камперите презадоволни од организацијата и од добрата забава на „Пивофест 2018“

И годинава, Паркот на револуцијата е средиште каде што луѓето со авантуристички дух за време на „Пивофест“ овде се релаксираат,  и уживаат во добрата забава на журката со ладно пиво и скара, а утрата им почнуваат со вкусен појадок, кафе и чај.

 

Денеска одлучивме да ги посетиме годинешните кампери, и да поразговараме за нивните импресии од пивофестовската забава. Тие не го криеја своето задоволство од организацијата на кампингот, хигиената, гостопримството и секако од фестивалот, којшто велат им нуди одлична забава.

„Многу ми се допаѓа годинешната организација, а поручекот е подобар од претходните години. Се е супер“.

„Многу ми се допаѓа целата забава, навистина сум задоволен. Ние во принцип сакаме кампување. Тука сме веќе петта година, условите се супер, така што одлично си поминуваме“.

„Четврта година кампувам овде. Задоволен сум од услугата, од домаќините“.

Повелете и вие, бидете дел од годинешниот фестивал на пиво и скара. Вечерва не очекува уште подобра атмосфера со настапот на: Ван Гог, Дарио, Црвена Јабука и Mossel.