Јованоски:Долговите од 3.5 милиони се намалени за милион евра

Долговите се намалени за милион од евидентираните 3.5 милиони евра. Два милиона евра плус инкасира Општина Прилеп од последната инвестиција на македонско-турската компанија „Волостоун“ во висина од 7.3 милиони евра,којашто ќе отвори за почеток стотина работни места. Ќе се подобрува инфраструктурата, социјалната заштита на нашите сограѓани. Сите планирани проекти од изборната Програма на градоначалникот Илија Јованоски, се реализираат според планот,чекор по чекор. Ова меѓу другото го истакна градоначалникот Илија Јованоски, во својот 6 отчет за шест месечното работење.