ЈКП „Комуналец“ ги расчистува дивите депонии

По повод 22.Април, Ден на планетата Земја, в.д. директорот на ЈКП „Комуналец“,
Звонко Јованоски, одржа прес конференција, од која упати апел до граѓаните и до
градежните фирми, за поголема еколошка свест и заштита на животната средина.

Обраќајќи им се на граѓаните пред една од десетината евидентирани диви
депонии во градот, Јованоски посочи дека екипите на ЈКП „Комуналец“ неколку
денови работат на нејзино расчистување.

„Битката со дивите депонии ќе ја добиеме само тогаш кога граѓаните и градежните
фирми од градот ќе бидат наши сојузници, а не противници. Ги известувам
граѓаните дека вратите на депонијата кај Алинци се ширум отворени и дека секој
што има градежен шут, може таму бесплатно може да го депонира, без да плати
каков било финансиски надоместок“, изјави Јованоски.

Исто така, тој ги повика инспекциските служби, комуналните инспектори и
комуналните редари, да излезат на терен и да ги спречат појавите на создавање
диви депонии. Многу е важно, како што рече Јованоски, инспекциските служби да
ги насочуваат граѓаните, градежниот шут да го фрлаат на депонијата кај Алинци, а
несовесните и неодговорните граѓани да бидат санкционирани.

Јованоски информираше дека ЈКП „Комуналец“ интензивно работи и на
хортикултурно уредување на централното градско подрачје и на Паркот на
револуцијата. Јавното претпријатие, како што рече, ги презема сите активности за
да имаме еколошки, зелен и цветен Прилеп.