Јавна објава за покренување на постапка за издавање на одобрение за отстранување на објект

Бр.10-1064/8 од  02.12.2019год.

Согласно член 84 од Законот за општа управна постапка (Сл.Весник на РСМ бр.124/2015), Градоначалникот на Општина Прилеп ја дава следната :

                                           ЈАВНА  ОБЈАВА

Се објавува дека, Градоначалникот на Општина Прилеп издаде известување до лицето Настески Ордан од Мало Коњари, за покренување на постапка за издавање на одобрение за отстранување на објект кој е склон на паѓање , кој се наоѓа на ул. Републиканска -бб, на КП 13944 КО Прилеп , во Прилеп, со бр.10-1064/5 од 06.09.2019г. и 10-1064/6 од 01.10.2019г.

Од причина што на овој орган не му е познато живеалиштето на лицето Настески Ордан од Мало Коњари,истиот се повикува во рок од 10 дена од денот на оваа објава, да се јави во приемно одделение на Општина Прилеп (нова зграда), со цел да го прими известувањето за покренување на постапка за издавање на одобрение за отстранување на објект кој е склон на паѓање.

Оваа објава се смета за уредна достава , и негативните последици кои можат да настанат поради не обраќање до овој орган по истата , ги сносат самите странки.

                                                                                                    ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Илија Јованоски