Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Прилеп, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица (кои спаѓаат во долунаведените целни групи) кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Во служба на заедницата преку Општинско – корисна работа“ за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) / 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп со цел почитување на обврските согласно закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица (кои спаѓаат во долунаведените целни групи), при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);

– млади лица до 29 години;

– лица постари од 50 години;

– лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен   надоместок по основ на невработеност;

– лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование;

– лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа;

– жртви на семејно насилство;

– лица со попреченост;

– жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници;

– лица припадници на ромската етничка заедница;

– самохрани родители;

– родители на деца со пречки во развојот;

– родители на 3 и повеќе деца;

– родители на деца на улица;

– лица со незавршено средно или пониско образование.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Негувател/ка ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп – 4 извршители

Нега на деца од претшколска возраст

Минимум ССС, со или без работно искуство

Ангажман за 6 месеци, 4 часа дневно, 20 часа неделно

– Негувател/ка, Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник“ – 2 извршители

Нега на стари и изнемоштени лица

Минимум ССС, со или без работно искуство

Ангажман за 6 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)

Личен Асистент, во основно училиште – 3 извршители

Личен асистент на дете со попреченост вклучено во редовна настава

Минимум ССС, со или без работно искуство

Ангажман за 9 месеци (4 часа дневно, 20 часа неделно)

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп во периодот од 05.08.2019 година до 16.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски се уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Прилеп и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Прилеп кај лицето Цвете Станојоска (маил: cvetestanojoska@gmail.com), Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп  кај Јасминка Николоска (маил: Jasminka.Kamsikoska@avrm.gov.mk ),  Центар за социјлна работа Прилеп кај лицето Дејан Тошески (маил: dejantoseski@gmail.com).