Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа – СДЦ Компонента

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Прилеп, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 29.09.2020 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа – СДЦ Компонента

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“, проект   „Во служба на Ромската заедницата и лицата со попреченост преку Општинско – корисна работа”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци

статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);

– млади лица до 29 години;

– лица постари од 50 години;

– лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен   надоместок по основ на невработеност;

– лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование;

– лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа;

– жртви на семејно насилство;

– лица со попреченост;

– жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници;

– лица припадници на ромската етничка заедница;

– самохрани родители;

– родители на деца со пречки во развојот;

– родители на 3 и повеќе деца;

– родители на деца на улица.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Негувател/ка ЈОУДГ „Наша Иднина“ – Прилеп – 3 позиции

Нега на деца во претшколска возраст

Минимум ССС, со или без работно искуство

Ангажман за 6 месеци, 4 часа дневно, 20 часа неделно

Заинтересираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп во периодот од 29.09.2020 година до 01.10.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Прилеп и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Прилеп кај лицето Цвете Станојоска (маил: cvetestanojoska@gmail.com), Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп  кај Јасминка Николоска (маил: jasminka.kamsikoska@avrm.gov.mk ),  Центар за социјлна работа Прилеп кај лицето Дејан Тошески (маил: dejantoseski@gmail.com).

Градоначалник на Општина Прилеп
Илија Јованоски