Јавен оглас за избор на спортист на годината на Прилеп

Општина Прилеп објавува јавен оглас за предлагање на кандидати за избор на
најдобри спортисти и спортски клубови за 2019 година. За таа цел, се повикуваат
спортските клубови од општина Прилеп да предлагаат кандидати кои во
изминатата година постигнале спортски успеси и запазени резултати на домашен
и меѓународен план.

Покрај најдобрите спортисти и спортски клубови, ќе биде извршен избор и во
неколку други категории, меѓу кои и избор на најдобар тренер, спортски работник,
млад спортист, играч кој настапува за странски клуб, спортист со телесен
инвалидитет и сл. Исто така, ќе бидат наградени и лица кои дале посебен
придонес во афирмацијата на спортот во градот, државата и надвор од неа.

Покрај кратката биографија и информација за постигнатите резултати во 2019
година, поднесената пријава треба да биде заверена и потпишана од овластено
лице на спортскиот клуб или здружението кое го предлага спортистот, спортската
екипа, тренерот или спортскиот работник.

Доделените награди ќе бидат во форма на дипломи и плакети, а на најдобриот
спортист на општина Прилеп ќе му припадне и парична награда.

Огласот трае 12 дена, почнувајќи од понеделник 20 јануари и заклучно со петок,
31 јануари 2020 година.

Пријавите се поднесуваат на адреса:

Општина Прилеп
ул.„Прилепски бранители“ бб
7500 Прилеп

Или во архивата на Општина Прилеп

Со назнака:
За избор на спортист на годината