Известување за втора форумска сесија

Општина Прилеп како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ кој го реализираат Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП и партнерските општини, во рамките на предвидените форумски сесии, на 24.03.2023 година (петок) со почеток од 13:00 часот, во Хотел „Салида“ Прилеп, ќе ја одржи втората форумска сесија од Форумот на заедницата,кој е алатка за успешно вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво

На втората форумска сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за проектните концепти за приоритетните проблеми кои беа разгледувани на првата форумска сесија, а поврзани со избраната област. Активно учество на заедницата ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на форумскиот процес.

Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми кои ја засегаат општината и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи учесниците на форумот ќе ја изберат најприоритетната, што ќе се аплицира до проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.

Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери