Предмет: Известување
Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место:
Локален водоснабдителен систем – Ореовец – јавна чешма сред село – не е здравствено исправна заради наод на бактерии, наод на еscherichia colli, наод на intestinal enterococcus и не смее да се користи за пиење. Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи во граници од 0.2 до 0.5 мг./л. вода.
Исто така водата од мерно место, л.в.с. Плетвар – јавна чешма не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, наод на еscherichia colli, наод на intestinal enterococcus и не смее да се користи за пиење. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.
Водата од л.в.с Плетвар – крајпатна Че не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, и не смее да се користи за пиење. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.
Додека водата од л.в.с Беловодица – двор не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, зголемен број колонии и бактерии на 37 степени и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.
Општина Прилеп

