Известување за техничка исправност/неисправност на вода за пиење

0

Предмет: Известување

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место локален водоснабдителен систем  Канатларци – бензинска –  на основа на резултатите од извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба,

согласно прописите за здравствена исправност.

Л.в.с – Ерековци – Кочоски Пецо – на основа од извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба, но количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи во гранаците од 0,2-0,5 мг/л.вода.

Додека водата од Л.в.с – Оревоец – јавна чешма сред село, Л.в.с – Беловодица – двор, како и Л.в.с – Плетвар – јавна чешма – Водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 мин. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

 

Општина Прилеп