Интензивна комунална активност во селото Галичани

Општина Прилеп денеска почнува со интензивна комунална активност во селото Галичани, со цел да го олесни животот на граѓаните, со почеток на пролетта. Со механизација во должина од 200 метри се чисти одводниот канал, којшто не е исчистен со години.

„На излезот од селото Галичани кон селото Беровци наскоро треба да се тампонира пат, како и пристапните патишта до обработливото земјиште во атарите на селата, со цел да им се олесни пристапот на жителите до нивните ниви“,вели Ѕвонко Јованоски од Општина Прилеп.

Ќе биде наскоро саниран и дефектот за одвод под селското мовче,што често е причина за појава на поплави во селото,поради што реагираат и мештаните, барајќи помош од Општина Прилеп.

„Излегуваме пресрет на сите барања од жителите.Сите барања се примени во локалната самоуправа. Во ова село ќе бидат реализирани и капитални проекти: изградба на канализација и водовод,  нацелата територија на селото“, вели Јованоски, најавувајќи ги и комуналните активности, планови и проекти на Општина Прилеп во иднина.