Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 9 јуни

  • Во општина Прилеп денеска нема нови случаи на заболени од коронавирус, а од заразната болест оздравеле две лица;
  • Бројот на активни случаи изнесува 25, од кои 20 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 5 на болничко лекување. Вкупниот број на заболени од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата изнесува 218;
  • На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 3 лица позитивни на коронавирус, додека на две лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултати;
  • Во самоизолација се наоѓаат 28 лица, а заради неносење заштитни маски, вчера на 48 граѓани им биле изречени прекршочни казни.